Одбраната на Ѓаволите е швајцарско сирење – Погледнете што им направи Вегхорст (Видео)

Барнли успеа да израмни на 1:1 против Манчестер јунајтед по акцијата на Вут Вегхорст во 48-мата минута, што повторно ги покажа сите слабости во дефанзивата на Црвените ѓаволи.

Вегхорст, кој го засили Барнли во зимскиот преоден рок, лесно ги прошета на терен Мегваер и Мектоминеј и потоа му асистираше на Родригес за 1:1.

Претходно во првото полувреме Манчестер јунајтед поведе со голот на Пол Погба во 19-тата минута, а на гостите има беа поништени и два гола.

- Оглас -

Најнови вести