Швајцарците 94 пати му се заблагодарија на Јан Зомер

Голманот на Интер, Јан Зомер, објави дека ја завршува кариерата во швајцарската репрезентација.

„Беше чест и привилегија да ја претставувам мојата земја на највисоко ниво во изминатите 12 години. Со завршувањето на ЕП 2024 во нашата соседна земја Германија, каде што поминав незаборавни години во Бундеслигата, време е да се збогуваме“, порача 35-годишниот Зомер во соопштението објавено на веб-страницата на Швајцарската фудбалска асоцијација.

Зомер го имаше своето деби за Крстоносците во мај 2012 година. Играше на три европски и на две светски првенства како број 1 на швајцарскиот гол. Неговиот последен натпревар со швајцарскиот тим беше во четвртфиналето на ЕВРО 2024, каде што тимот загуби на пенали од Англија.

Јан за репрезентацијата одигра 94 натпревари и прими 92 гола, а не прими гол на 33 меча. Интересно е дека во настапите за Швајцарија не доби ниту еден картон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести