Новото заострување на конфликтот меѓу Израел и Палестина го загрозува настапот на израелските екипи на домашен терен во еврокуповите, а швајарскиот Лугано веќе побара од УЕФА да не игра во Бер Шева против Хапоел во реваншот од квалификациите за Лигата на Европа.
„Нема шанси да ги изложиме фудбалерите на опасност од бомбардирање. Ова е фудбал, треба да биде забава, а не кошмар“, изјавија претставниците на Лугано.
Првиот меч израелскиот тим го доби со 2:0 на гости и веќе понуди пак да се игра во Лугано, но без публика.
УЕФА треба брзо да одлучи каде ќе се игра реваншот и дали има шанса на 11 август да се игра во Бер Шева, град во кој паѓаа бомби, или тоа ќе биде на неутррален терен или можеби ќе го прифати предлогот пак да се игра во Лугано.