Химки ја запиша третата овосезонска победа на гостувањето во Каунас, рускиот тим го совлада Жалгирис со конечни 84:83. Првата ѕвезда на Химки, Алексеј Швед, беше повторно во расположено издание и одново се истакна како човекот од одлука.
Домаќините добро ја отворија средбата, ја освоија првата четвртина со 26:19, но наместо да продолжат со ист ритам, Химки ја искористи неконстантноста на противникот. Кон средината на третиот период, екипата од Москва ја презеде контролата врз топката, па до крајот ја чуваа малата предност, пред се, благодарение на Швед.
Русинот заврши со дабл-дабл учинок од 25 поени и 10 асистенции, Марковиќ придонесе за победата со 13 поени. Кај поразените, Брендон Дејвис се истакна како најефикасен кошаркар со 21 поени, а во својата статистика додаде и 12 скока.