Квалификациите за пласман на младинското Европско првенство 2027 за нашите фудбалери продолжуваат со домашен меч против Шведска во Битола. И Македонија и Шведска имаат по три бода на табелата, по четири одиграни кола, а гостите во катастрофална форма пристигнаа во Градот на конзулите.
Шведска има три порази по ред, без даден гол и вкупно 12 примени откако загубија од Полска (0-6), Италија (4-0) и Црна Гора (2-0), додека единствената победа ја имаат над Ерменија (3-0).
И Македонија единствените бодови во овие квалификации ги освои против Ерменија откако со пресврт славевме со 2-1. Ако е за утеха, нашите порази против истите противници се многу понеубедливи – Црна Гора (3-2), Италија (0-1) и Полска (3-0).
Според квотите во Sport Life, Шведска е фаворит со квота за победа од 1.78, но затоа, квотата за победа на Македонија е фантастична – 4.05 и вреди да се одигра на нашите момци.


