Ентони Еланга го постигна првиот гол за Манчестер јунајтед и веднаш големиот талент доби понуда да игра за репрезентацијата на Камерун, земјата во која е роден неговиот татко Џозеф, кој е и поранешен репрезентативец на Нескротливите Лавови.
Случајот со Еланга е сличен со тој на Дејан Кулушевски и повторно Шведска ја има пол-позицијата во изборот на 19-годишниот талент.
Камерун е во идентична позиција како и Македонија бидејќи Еланга е роден во Шведска и има играно за младинските селекции на оваа земја во возрасна категорија до 17, до 19 и до 21 година.
Кулушевски ја одбра Шведска, земјата во која е роден, а имаше настапи и за нив и за Македонија во помладите категории.
Можно е Еланга да биде вклучен во составот на Шведска за бараж-дуелот со Чесите на 24 март, што е полуфинале во дополнителните квалификации за настап на Мундијалот во Катар.