Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе е обвинет за силување и сексуален напад, тврди шведскиот медиум „Експресен“. Мбапе беше во Стокхолм минатиот четврток, каде што поминал слободно време со пријатели и посетил еден ноќен клуб.
Според информациите, инцидентот се случил на 10 октомври 2024 година во хотел во центарот на Стокхолм. Во хотелската соба, некои девојки се дружеле со групата, по што една од нив го обвинила Мбапе за силување.
Мбапе и неговиот адвокат остро ги осудија ваквите информации, нарекувајќи ги „лажни вести”.
Сепак, шведските медиуми остануваат доследни на своите тврдења. Новинарката Катрин Кранц од „Експресен“ изјави:
„Ние сме 100 проценти сигурни дека Мбапе е осомничен за силување“.
Таа додава дека иако не е познато дали е виновен, случајот е во рацете на обвинителството и полицијата за понатамошна истрага.