Женската репрезентација на Шведска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако со 2-1 славеше над Германките во последниот четвртфиналнен дуел. Швеѓанките во битка за пласман во финалето ќе се надигруваат со селекцијата на Холандија, која претходно беше подобра од Италијанките со 2-0.
Иако Германија ја отвори средбата со погодокот на Магул во 16-тата минута, Јакобсон ја врати својата екипа во игра само шест минути подоцна. Блекстениус во 48-та минута пресуди за Шведска да биде последниот полуфиналист на женскиот Мундијал.
Првото полуфинале меѓу актуелниот бранител на трофејот САД и Англија ќе се одигра на 2 јули во 21 часот, додека дуелот Холандија – Шведска е закажан еден ден подоцна во истиот термин.