Фудбалерки на Арсенал и Барселона ја однесоа Холандија во полуфинале на СП

Женската репрезентација на Холандија првпат ќе игра во полуфиналето на Светското првенство во фудбал, откако во денешното четвртфинале со 2-0 ја совлада Италија. Сега Холанѓанките кои се европски шампионки, чекаат кој ќе им биде ривал во полуфиналето во Лион, и дали доцна попладнево од 18.30 часот ќе слават Германките или Швеѓанките.

Во 70-та минута, Вивиан Миедема погоди за 1-0, а десет минути подоцна, Стефани ван дер Грахт даде гол за 2-0 и ги реши дилемите. Миедема е фудбалерка на Арсенал, таа е прогласена за најдобра во Премиерлигата за минатата сезона, а во дресот на Холандија има 61 погодоци. Ван Дер Грахт е членка на Барселона каде играше заедно со Наташа Андонова.

За истакнување е и Шерида Спице која центрираше за двата гола кои беа постигнати со глава, и сега таа има четири асистенции на Мундијалот, со што е најдобра во оваа категорија. Од десетте гола кои ги даде на ова СП, Холандија даде осум во вторите полувремиња.

- Оглас -

Најнови вести