Олимпик Марсеј славеше со убедливи 5:1 на гостувањето кај Клермон во 24-тото коло од Лига 1 и се искачи на шестото место на табелата.
Олимпик Марсеј по триумфот има 36 бода, исто колку и седмиот Ланс кој својот меч од 24-тото коло против Олимпик Лион ќе го игра утре, додека Клермон останува последен со 17 освоени бодови.
Ова воедно е трета победа во третиот меч под водство на новиот тренер Жан-Луис Гасет кој дојде на местото на Џенаро Гатузо.
Марсеј со новиот тренер славеше 3:1 против Шахтар во нокаут-фазата во Лигата на Европа, и со 4:1 против Монпелје во Лига 1.
Марсеј поведе со голот на Ндаје во 23-тата минута, додека Клермон израмни на стартот од второто полувреме во 53-тата минута.
Пјер-Емерик Обамејанг шест минути подоцна повторно му донесе водство на Олимпик Марсеј, а победата ја заверија Клаус со голот во 67-та минута, Луис Енрике во 80-тата и Мумбања во 90-тата минута.