Сигуриците на денот се од нефудбалски мечеви

3130 Мачва – Црвена ѕвезда (16.00 часот)

Вчера Партизан сензационално испадна од Купот, па на ѕвездашите им е ширум отворен патот кон трофејот. Но, прво мора да ја совладаат Мачва во Шабац, која е просечен второлигаш во Србија и моментно се наоѓа на десеттото место во второлигашката конкуренција, каде што има 16 тима. Ѕвезда своето последно гостување во Шабац го имаше пред две години и победи со 3-0, а со истиот резултат победи и на претпоследното гостување. Мачва ја има елиминирано Ѕвезда во Купот, и тоа во март 2018 година на пенали.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.98)

 

2706 Хонка – ХЈК (17.00 часот)

Хелсинки е блиску до титула, а ако победи вечерва против Хонка, која е во криза, уште повеќе ќе се зацврсти на врвот на табелата во плејофот во финската лига. Хонка е третопласирана, но во последните три кола освои само еден бод. Овие два тима се сретнаа во Еспо и на 11-ти септември, што е само пред две и пол недели, а ХЈК победи со 2-1, со победнички гол во 91-вата минута, па и сега не би требало да биде многу поразлично.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.25)

 

7323 Ѓоковиќ – Андухар (17.30 часот)

Србинот е прв носител на АТП 250 турнирот во Тел Авив, а ова му е прв настап бидејќи беше слободен во првото коло. Андухар, кој е 115-ти на АТП-листата, во првото коло го совлада Монтеиро со 2-0 во сетови, но денеска Ѓоковиќ е голем фаворит, иако имаше одредени проблеми на Лејвер купот. Турнирот се игра во сала на тврда подлога, а Новак и 36-годишниот Андухар последен пат играле еден против друг на тврда подлога дури пред десет години во Индијанаполис. Тогаш Ѓоковиќ победил со 2-1 во сетови.

Предлог тип: 1H -6.50 G. (1.75)

 

4200 Баракас централ – Гимназија Ла Плата (20.30 часот)

Ова е дуел од аргентинската Лига професионал, во која играат 28 тима, а Баракас моментно е 19-ти, додека Гимназија е петта, се наоѓа и пред еден гигант како Ривер плејт. Но, Гимназија има пад во формата, загуби три од последните четири лигашки мечеви. Гимназија ја има една од најдобрите одбрани во лигата, на 21 меч примија само 12 гола, но не се ни многу ефикасен тим. Баракас има девет бода помалку од гостите, па не треба да биде отпишан.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.15)

 

9151 Барселона – Целје (20.45 часот)

Кај овој пар од ракометната Лига на шампиони за мажи, победата на домашните е извесна, па прашање е само со колкава разлика ќе заврши натпреварот во полза на Каталонците. Барса во првите две кола ги победуваше Сегед и Кјелце, а Целје загуби од Алборг, па го победи Кил. Барселона не знае за пораз во календарската 2022 година, во ЛШ не загубиле од ноември. Овие два тима играа пријателски меч во јуни, Барселона победи со 36-31. Целје во 2005 последен пат избегна двоцифрен пораз на гостување кај најтрофејниот европски клуб.

Предлог тип: Х 1 -9.50 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести