9.8 C
Skopje
недела, 7 декември 2025

Силекс е фаворит, но Работнички ќе се обиде да спаси нешто во очајната есен (Фото)

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една победа, и со четири ремија во досегашните 15 кола, тимот од Дебар Маало апсолутно потфрли.
Го знае тоа и голманот Васко Василев, кој вели дека денешниот дуел со Силекс е добра можност барем нешто да се спаси.

„Знаеме дека оваа полусезона Работнички тотално потфрли. Нѐ очекува последниот есенски дуел против Силекс и ќе сториме сѐ барем малку да ја намалиме штетата. Што се вели, барем малку да се спаси од она што не го исполнивме како план и цели на тимот. Работевме напорно иминатиот период и се надеваме дека конечно ќе одиграме добар натпревар и ќе освоиме бодови“, изјави Васко Василев.

Според квотите, Силекс е фаворит на денешниот меч.

Покрај натпреварот меѓу Работнички и Силекс, кој ќе се игра на Арената „Тодор Проески“, со почеток во 13 часот, закажан е уште еден дуел во истиот термин. Во Струга ќе се сретнат Шкупи и АП Брера.

- Оглас -

Најнови вести