По двете изненадувања, Охрид и Шкендија Арачиново, денеска немаше дилеми околу третиот полуфиналист во Купот на Македонија.
Силекс е третиот патник во полуфиналето, откако го победи Детонит Плачковица со 3-0, само формално како гостин, со оглед дека мечот се играше во Кратово.
Дарко Додев го отвори резултатот во првиот дел, а кратовци дадоа уште два гола во второто полувреме преку Дарко Ангелески и Мигел Пиреш и го потврдија триумфот.
Последниот полуфиналист ќе биде познат на 18 март, кога силите ќе ги одмерат Шкендија и Струга Трим Лум.

