Фудбалерите на Силекс не успеаја да ја продолжат победничката серија против екипата на Брера и одиграа само нерешено во Струмица, иако ги имаа сите предуслови за триумф. Кратовци во пресрет на овој меч имаа пет победи по ред против Брера, но попладнево нивниот меѓусебен дуел на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица заврши нерешено, 3-3.
Силекс поведе преку Мирчевски од пенал во 19-тата минута, но Михаилов во 44-тата минута израмни на 1-1 и не дозволи гостите да заминат на паузата со водство.
На стартот од второто полувреме, два брзи гола за Силекс. Најпрво Донов во 47-мата минута донесе водство за поранешниот шампион на Македонија од 1-2, а само две минути подоцна погоди и Фереира за високи 1-3.
Кога се чинеше дека веќе е јасно кој ќе ги освои бодовите во Струмица, блиц-крик на домашните и израмнување на 3-3. Луковиќ во 62-рата минута намали на 2-3, а Стојанов во 70-тата го постави конечниот резултат.
Силекс по 12 првенствени кола има 22 бода, што е доволно за пласман на четвртата позиција, додека Брера е шеста со 16 поени.

