Силекс ја елиминираше Шкендија, Ибраими трагичар

Силекс беше подобар од Шкендија во пенал-серијата откако мечот заврши 0-0, па кратовци се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија, каде што друштво ќе им прават уште Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум.

Фудбалерите на Силекс утнаа еден пенал во петте серии, но Шкендија утна два од четирите пенали, па Силекс оди понатаму. Последниот гол кој го однесе Силекс во полуфиналето го постигна Карчески, а претходно за тетовци во третата серија утна ѕвездата Бесарт Ибраими, поточно беше прочитан од голманот Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести