Шесттото коло од Првата македонска фудбалска лига започнува со два меча, а и двата се дел од богатата понуда на Sport Life.
Во скопската населба Ѓорче Петров, Македонија ЃП го пречекува составот на Брера од Струмица. Двете екипи се во долниот дел од табелата, па бодовите и тоа како им се потребни. Според квотите во Sport Life, фаворитската улога ја имаат „лавовите“ од Ѓорче.
Квотата за победа на домашните е 1.88, додека изненадувањето на струмичани има квота од 3.65.
Возбудливо ќе биде и во Куманово, каде гостува лидерот на табелата, Силекс од Кратово. Башкими загуби на последните два првенствени меча, па сега ќе треба да се „вади“ против Силекс, иако воопшто нема да им биде лесно.
Поранешниот шампион на Македонија игра фантастично и има пет победи на исто толку натпревари оваа сезона, па очекувано е фаворит и во Куманово. Квотата за победа на Силекс во понудата на Sport Life е 1.60, додека триумф на домашните има квота од 4.85.
Двата натпревари се играат со почеток во 15:30 часот.