Четрвртото коло од Првата македонска фудбалска лига продолжува денес со два натпревари. Силекс по три меча е перфектен со три победи и гол-разлика од 11 дадени и нула примени голови, па кратовци сигурно дека ќе сакаат да го задржат перфектниот биланс и на гостувањето во Гостивар, кај дебитантот Арсими.
И според квотите во Sport Life, Силекс е голем фаворит со квота од 1.43, додека изненадување на Арсими има квота од 6.25. Овие две екипи попладнево ќе го играат првиот официјален меч, а минатата година имаат одиграно само еден пријателски, кој му припаднал на Силекс со 4-1.
Првпат во официјален меч се среќаваат и екипите на Башкими и Струга. Повратникот во прволигашката конкуренција на домашен терен го пречекува двократниот шампион на Македонија, а квотите велат дека гостите од Струга се во предност.
Квотата за победа на Башкими во понудата на Sport Life е 3.10, додека победата на Струга има квота од 2.11.