Откако Шкендија и Вардар вчера го отворија колото со минимални победи на домашен терен, денеска повторно се играат два меча во ПМФЛ во кои домаќините важат за фаворити на хартија.
Силекс кој има максимални 12 бода по првите четири меча и гол-разлика 12-0, со победа против Работнички би се вратил на прво место. Работнички уште нема победа, а уште нема постигнато ни еден гол во трите средби кои ги одигра, но има нов тренер, доведоа две нови имиња, па ова им е шанса за сефте, иако ќе биде тешко.
Во Струмица, битка ќе бијат Брера и Шкупи, два тима кои се во долниот дел на табелата и уште немаат победа сезонава. Чаирчани немаат ниту еден бод, и ова е идеална прилика за струмичани да слават. Минатата сезона Брера дома го победи Шкупи со 4-3, неутралните не би имале ништо против нова голеада со 7+ голови.