37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Силекс за едно полувреме даде пет гола против Брера

Силекс ја започна сезоната во Првата лига со моќен настап, совладувајќи ја Брера со убедливи 5-0 на домашен терен во Кратово. Иако првите 45 минути поминаа без погодоци, пресвртната точка дојде уште во 28. минута, кога Никола Величковски од гостинскиот тим заработи директен црвен картон поради груб старт врз Ѓорѓе Џеков.

Со бројна предност на теренот, домаќините во вториот дел ја презедоа целосната контрола. Мигел Пиреш во 47-та минута со удар со глава, по прецизен центаршут на Рајков, го отвори резултатот.

Само шест минути подоцна, Кристијан Ефтимов со фантастичен соло-продор од левата страна зголеми на 2-0, а Илија Донов во 57-та минута ја запиша третата радост за Силекс.

Во завршницата, тимот од Кратово продолжи да притиска. Кристијан Велиновски погоди во 85-та минута, а Мигел Пиреш во самиот финиш, со силен удар од дистанца, ја заокружи голеадата за конечни 5-0.

- Оглас -

Најнови вести