Холандскиот репрезентативец Јаспер Силесен се жали на, како што вели тој, опструкциите од Барселона во обидот да си замине од клубот.
„Податокот дека за мене имаат одредено отштета од 60 милиони евра воопшто не ми помага. Имам добра понуда, но не за толкава сума пари што ги бара Барселона, изјави Силесен.
Холанѓанецот ретко брани за Барса, беше на голот на дел од натпреварите во Копа дел Реј и во финалето против Валенсија, што Каталонците го загубија со 1:2. Имаше и доста грешки, па според критиките, немаше добра сезона.
Сега има понуди од екипи од топ 5 лигите во Европа, но со отштета од 60 милиони евра речиси е невозможно да направи трансфер.