Симеоне ќе го памети името на Хрватот Лука Сучиќ (Видео)

Атлетико Мадрид во девет кола од Ла Лига нема пораз, но има повеќе нерешени резултати (пет), отколку победи (четири). Диего Симеоне сигурно ќе го запамети добро името на хрватскиот интернационалец Лука Сучиќ кој го скрати неговиот тим за триумф на гостувањето во Сан Себастијан.

Сучиќ погоди во 84-та минута за израмнување на 1-1, откако Хулијан Алварез уште во првата минута донесе предност за Атлетико Мадрид.

Сега мадриѓаните се на третата позиција со 17 бода, седум помалку од лидерот Барселона.

- Оглас -

Најнови вести