5.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Балотели го прослави отказот на Виеира: „Господ гледа се“

Џенова во моментов е на последното место во Серија А, па очекувано беше тренерот на екипата, Патрик Виеира, да добие отказ. Тоа се случи, а поранешниот фудбалер на Џенова, Марио Балотели, отказот го прослави со објава на социјалните мрежи.

„Кармата е ку*ва. Господ се гледа и се се грижи. Џенова сега конечно може да се фокусира на луѓето кои навистина го сакаат клубот, навивачите и грбот и они кои веруваат дека можат да бидат на врвот. Оние кои ги наследија Зангрила и Гиљардињо беа себични.“ – напиша Балотели.

Поранешниот италијански репрезентативец е без клуб од летоска, откако се раздели со Џенова, а главната причина беа токму несогласувањата со Патрик Виеира.

- Оглас -

Најнови вести