Симеоне: Кога од клубот ме прашаа дали сакам да дојде Суарес, прашав дали се сериозни?

Диего Симеоне кој по вторпат освои титула првак на Шпанија како тренер на Атлетико Мадрид, го искоментира трансферот на Луис Суарес од Барселона во Атлетико, кој се покажа како еден од клучните за титулата.

„Знаев што може да очекувам од Суарес. Среќен сум што го имам во тимот. Првите контакти со него ги имав уште кога беше во Ливерпул, тогаш беше помлад, и наместо нас, ја одбра Барселона. Не велам дека погреши, тој беше одличен таму. Кога се појави можноста да дојде кај нас, ми се јавија од клубот и ме прашаа што мислам. Одговорив: Дали сте сериозни? Не ме прашувајте, туку ајде да го земеме, и дозволете ми да разговарам со него. Кога му се јавив, прво што му реков беше: Види Луис, сакаме да победуваме, а ако и ти сакаш да победуваш, вратата ти е отворена“ – открива Симеоне.

Чоло смета дека Суарес е роден победник и во клубот дошол со мотивација и желба за докажување како 20-годишно момче, а кога таков играч ќе му се приклучи на клуб гладен за трофеи, успехот бил речиси загарантиран.

- Оглас -

Најнови вести