Симеоне му го елиминираше Ливерпул, а сега на Џерард сака да му го земе најдобриот играч

Атлетико Мадрид пред суспензијата на фудбалските настани, направи подвиг и го исфрли бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Ливерпул, и тој пораз на Црвените на „Енфилд“ сигурно со многу тага го проследи Стивен Џерард, некогашниот капитен на Ливерпул, а сега тренер на шкотскиот клуб Ренџерс. Сега доаѓаат информации дека Атлетико сака на Џерард да му го земе напаѓачот Алфредо Морелос.

Јорганџиите му фрлиле око на Колумбиецот, кој на 46 меча имаше 29 гола и девет асистенции. Атлетико е подготвен за него да плати 17 милиони евра. Морелос е убоит, но и темпераментен напаѓач, како што е Диего Коста. Тренерот Диего Симеоне сака во своите редови такви типови, кои се склони кон правење проблеми надвор од теренот и добивање црвени картони.
- Оглас -

Најнови вести