Симеоне не може да го замисли Атлетико без Гриезман

Во текот на изминатата репрезентативна пауза повторно се појавија шпекулации околу иднината на Антоан Гриезман во Атлетико Мадрид. Французинот повторно е поврзуван со Барселона, а вчера Форлан даде интересена изјава и посочи дека Гриезман ќе биде играч на Интер наскоро.

Сепак, тренерот Диего Симеоне се надева дека неговиот најдобар поединец и воедно најплатен игра на Атлетико ќе остане на „Ванда Метрополитано“.

„Искрено, не сум загрижен во врска со Гриезман. Тој е еден од капитените на овој тим и на сите приказни досега одговараше со добри игри на теренот. Не можам да го замислам Атлетико без него, Гриезман има договор со клубот и очекувам да го испочитува до крај“, истакна Симеоне.

Аргентинскиот стратег од следната сезона нема да смета на Лукас Ернандес, кој за 80 милиони евра ќе се пресели во Баерн Минхен, така што Атлетико сега е во мисија да најде нов лев бек. Се појавија шпекулации дека „јорнаџиите“ следат талентиран фудбалер од редовите на хрватскиот прволигаш Хајдук, се работи за 19-годишниот Синиша Орешчанин, за кого би издвоиле сума од 10 милиони евра.

Атлетико вечерва во 20:45 часот гостува кај Алавес во рамките од 29-тото коло во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести