Пресврт на настаните – Гриезман во дресот на Интер!?

Антоан Гриезман беше голема желба на Барселона, но Французинот реши да остане верен на Атлетико, а клубот за возврат го направи најплатен играч во составот со 23 милиони евра годишна плата. Пред крајот на оваа сезона одново се појавија истите шпекулации, дека Гриезман ќе го засили шпанскиот првак, но има човек кој не мисли дека тој трансфер ќе се оствари.

Диего Форлан, поранешниот фудбалер на Атлетико, истакна дека Гриезман ќе се пресели во Интер, веднаш штом „нероаѕурите“ го продадат Мауро Икарди. Италијанскиот гигант сите средства заработени од продажбата на Аргентинецот, ќе ги даде на Атлетико за да го доведе одличниот француски репрезентативец во своите редови.

Цената на Икарди е 100 милиони евра, што значи дека толку би чинел и трансферот на Гриезман.

„Антоан можеше да стане легенда на Атлетико, но тој нема да остане во Мадрид уште долго време. Луѓето одговорни за ангажмани во Интер ми открија дека ќе го купат Гриезман штом се ослободат од проблематичниот Икарди“, истакна Форлан.

- Оглас -

Најнови вести