Симеоне не пропушти да го пецне Феликс пред дербито: Секој може да има добар натпревар

Вечерва на „Монжуик“ се игра дербито на колото во Ла Лига меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, вообичаено пред мечот тензиите растат, а за тоа се погрижи и тренерот на Јорганџиите, Диего Симеоне.

На прес-конференцијата на Симеоне пред мечот, главна тема не беше дербито, туку Жоао Феликс, кој сезонава игра како позајмен играч во Барселона токму од Атлетико. Португалецот кој е најскап фудбалер во историјата на Атлетико, не можеше да се снајде во системот на игра на Симеоне поради што сезонава игра како позајмен играч во Барселона.

„Јас го зборувам тоа што го мислам, фудбалот не е само натпревар. Важен е континуитетот. Добар натпревар може да има секој“, изјави Симеоне.

Португалецот не остана покус на зборовите на Симеоне.

„Сигурно повеќе ми одговара стилот на игра на Барселона. Ако ги прашате моите соиграчи од Атлетико, сите ќе ви кажат дека сакаат да играат во нападот, а доколку ви дадат друг одговор – тогаш лажат“, рече Жоао Феликс.

- Оглас -

Најнови вести