Симеоне повиши тон, управата веднаш реагираше: Почнати преговори со напаѓачот на Лион

Елиминацијата од Кралскиот куп беше момент кој Диего Симеоне го искористи да ѝ укаже на управата дека му се потребни засилувања за да се задржи квалитетот на екипата и да остане конкурентна во вториот дел од сезоната.

Раководството на Јорганџиите веднаш реагираше и започна преговори за ангажман на напаѓачот на Олимпик Лион, Муса Дембеле. Понудата која Атлетико ја испрати до Лавовите е шестмесечна позајмица со опција да се откупи договорот на Дембеле за сума од 35 милиони евра.

За Дембеле има интерес и од Премиер лигата, меѓутоа Атлетико засега е најзагреан за потписот на најдобриот голгетер на Лион во последните две сезони. Тој ќе биде замена за Диего Коста, кој го раскина договорот со Атлетико, а воедно ќе му биде конкуренција на Луис Суарес во нападот.

- Оглас -

Најнови вести