Симеоне се чуди: Направивме една единствена грешка и примивме гол

Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед ремизираа 1:1 на „Ванда Метрополитано“, па патникот во четвртфиналето од Лигата на шампионите дефинитивно ќе се решава на „Олд Трафорд“. Шпанскиот тим имаше доминација, водство и неколку добри шанси за втор погодок, но откако Јорганџиите пропуштија вторпат да се радуваат, го дочека казна.

„Направивме една единствена грешка во мечот и примивме гол. Реиналдо се обиде да ја одземе топката наместо да го чува противникот. Освен тој момент, играта ни беше на многу високо ниво. Овој резултат најавува неизвесен реванш. Вака делува дека Манчестер е во предност, но всушност ништо не е сменето“, рече тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, имаше многу пофални зборови за младиот Еланга, кој го даде голот за 1:1.

„Младите фудбалери треба да го следат примерот на Еланга. Во првото полувреме бевме во подредена ситуација, игравме очајно, но во вториот дел во одредени моменти покажавме дека можеме да бидеме опасни. Ќе биде поинаку на реваншот кога ќе имаме поддршка од 75.000 навивачи“, вели Рангник.

- Оглас -

Најнови вести