Симеоне: Шампионот во Ла Лига ќе се решава во последните пет кола

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се надева дека меѓународните натпревари на националните селекции позитивно влијаеле врз неговите фудбалери. Аргентинскиот стратег беше загрижен по елиминацијата од Лигата на шампионите, но верува дека сега ситуацијата е подобра.


Во моментов, Атлетико заостанува седум бода зад лидерот во Ла Лига, тимот на Барселона.

„За репрезентативците тоа секогаш е позитивно. Победите секогаш те прават посреќен, особено по поразот од Барселона во Купот на Шпанија. Последните пет кола ќе бидат клучни за нашата сезона. Речиси секогаш е така. Важно е да ги задржиме нашите шанси до крајот. Нашето првенство е многу тешко, противниците се израмнети. Секој сака да се претстави добро, но ние сме фокусирани на дуелот со Еспањол“, изјави тренерот на Атлетико Мадрид.

На 16 март, Атлетико Мадрид загуби со 2-4 од Барселона во Купот на Шпанија. Утре тимот на Диего Симеоне му гостува на Еспањол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести