Симеоне со четири гола го уништи Лацио

Џовани Симеоне стана првиот фудбалер на Верона од 1958 година наваму кој постигнал четири гола на еден меч од италијанската Серија А. Популарниот Чолито (мал Чоло), кој е син на актуелниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего „Чоло“ Симеоне, со својот „покер“ го уништи Лацио, и на тимот од градот на вљубените му донесе триумф од 4-1.

Овој меч предизвика големо внимание и поради присуството на младиот Романо Флоријани Мусолини на клупата на гостите. Правнукот на фашистичкиот лидер на Италија од времето на Втората светска војна и годините пред тоа, Бенито Мусолини, не влезе во игра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести