Симеоне во Италија и Раул Гарсија во Шпанија, направија нешто невидено

Џовани Симеоне кој игра за Калјари, со голот против Болоња, стана икона на италијанската Серија А, бидејќи е првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол во секој од 12-те календарски месеци во годината. На Аргентинецот Симеоне му фалеше само јули, но од вчера и ја седмиот месец му стави „цртка“ и се запиша во книгата на рекорди.

Коронавирусот донесе многу новини во фудбалот, па така и играњето лигашки мечеви во јули, нешто што не се случува во нормални услови, затоа е немаше играчи кои давале голови во јули.

Истиот подвиг во Шпанија го направи ветеранот Раул Гарсија, актуелен член на Атлетик Билбао.

Раул Гарсија синоќа даде два гола против Валенсија и стана првиот во историјата на шпанската Ла Лига кој тресел мрежи во лигашки мечеви во секој од месеците.

Следно е да се најде јунак кој ќе има асистенции во секој од 12-те месеци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести