Американската гимнастичарка Симон Бајлс освои златен медал на прескок на денешниот настап на Олимписките игри во Париз.
Таа стигна до златото со 15.300 поени.
Бајлс го освои третиот златен медал на Игрите, а вкупно седмиот златен олимписки медал во својата кариера.
Сребрениот медал го освои олимписката шампионка од Пекинг, Бразилката Ребека Андраде, со 14.966 поени.
Бронзениот медал и припадна на Американката Џејд Кери со 14.466 поени.