8.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Синер буквално го прегази Зверев, му дозволи да освои само еден гејм!

Јаник Синер продолжува да игра во фантастична форма и дојде до 12-тата победа по ред, што значи и пласман во финалето на турнирот во Париз и борба за трет трофеј по ред.

Италијанецот со максимални 2-0 славеше над Александер Зверев за само 62 минути игри, притоа му дозволи на противникот да освои само еден гејм. Првиот сет заврши 6-0 за Синер, а вториот 6-1.

Противник на Италијанецот во финалето на турнирот во Париз ќе му биде тенисерот од Канада, Феликс Оже Алијасим.

- Оглас -

Најнови вести