Јаник Синер беше подобар од Белгиецот Зизу Бергс со 6-4, 6-2 и се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Париз.
На Италијанецот му треба да го освои овој турнир од Мастерс АТП 1000 серијата за да се искачи на првото место на светската ранг-листа. Тоа му го овозможни киксот на Карлос Алкарас, кој испадна во првото коло од Камерон Нори.
Мастерсот во Париз се игра на тврда подлога во сала, а Синер на ваква подлога во затворено има серија од 22 победи по ред, нема пораз две години и фаворит е за титулата. Следен противник му е Аргентинецот Серундоло.

