21.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Синер финалист во Синсинати, се чека на Алкараз за ново спектакуларно финале

Јаник Синер ја извојува 200-тата победа во кариерата на терени со тврда подлога. Италијанецот кој е прворангиран тенисер на светската ранг листа, со 7-6, 6-2 го доби полуфиналето на Мастерсот во Синсинати со француската сензација Теренс Атман кој е 136-ти на АТП листата.

Атман ги исфрли Нишиока, Коболи, Фонсека, Фриц и Руне, дојде до тајбрејк во првиот сет и против Синер, но немаше сили за ново чудо.

Во финалето, Синер кој ја брани титулата, ќе игра со Карлос Алкараз или Александер Зверев кои околу полноќ треба да го почнат второто полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести