Јаник Синер и Карлос Алкарас се најдобрите тенисери на светот во моментов, се натпреваруваат еден со друг за што повеќе титули и за првото место на АТП-листата, но ривалството им е здраво, меѓу нив нема конфликти, туку само спортско ривалство.
Пред почетокот на завршниот турнир во Торино, тие тренираа заедно, а дадоа и заеднико интервју за Си-ен-ен, во кое еден од најинтересните делови беше кога се зајадоа за фризурата на Шпанецот.

„Со ваква црно-бела коса тука во Торино можеш да навиваш за Јувентус, совршена е. Но, не ме инспирира, јас не би го направил тоа, задоволен сум со мојата неуредна бушава коса“, рече на шега Синер, кој навива за Милан.
Алкарас, кој е фан на Реал Мадрид, се насмеа и одговори: „Не сум помислил на тоа“.

