Синер го победи Алкарас, ама во риболов (Видео)

Во пресрт на мечевите на турнирот во Доха од АТП 500 серијата, тениските ѕвезди Карлос Алкарас, Јаник Синер, Данил Медведев и Андреј Рубљов имаа натпревар во морски риболов.

Тие поминаа интересен ден на брод во Персискиот Залив, а екипажот им даде точни упатства за риболов. Четворицата играчи фрлија јадици, мамки и конци во водата. Синер е прв што фати риба и целиот брод почна да вика од радост и да се смее. 

Најдобриот тенисер на светот, Алкарас, по Синер и Медведев фати риба, но и неговото парче беше за пофалба.  

Погледнете каква беше радоста кога Синер извади риба од морето:

- Оглас -

Најнови вести