11.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Синер го победи Оже-Алијасим и закажа финале против Алкарас

Јаник Синер, најдобриот тенисер во светот, го совлада 27-от тенисер на АТП листата, Феликс Оже-Алијасим, во полуфиналето на Отвореното првенство на САД со 6-1, 3-6, 6-1, 6-4. Актуелниот освојувач на последниот гренслем во годината избори финале против Карлос Алкарас, продолжувајќи го големото ривалство и серијата дуели со вториот тенисер во светот.

Алкарас во своето полуфинале го победи Новак Ѓоковиќ. Така, Синер и Алкарас ќе се соочат и во трето гренслем финале по ред во последните три месеци, по Ролан Гарос и Вимблдон. Синер триумфираше во Лондон, а Алкарас во Париз.

Синер, меѓутоа, го освои и Австралија опен, па во недела ќе игра за својот трет гренслем трофеј оваа година. Неговите навивачи се исплашија кога Италијанецот го загуби вториот сет и замина во соблекувалната за медицинска помош. Сепак, откако се врати, лесно го доврши Оже-Алијасим.

Канаѓанецот му пружи силен отпор на најдобриот тенисер во светот. Со сигурна игра го освои вториот сет, а во третиот имаше брејк-топка за 2-0, а потоа и три брејк-топки за 3-1. Но, кога Синер во четвртиот гем на четвртиот сет го спаси својот сервис, до крајот го задржа без проблеми. Уште повеќе, направи брејк и го затвори мечот.

Во недела, Синер и Алкарас ќе играат за титулата на Отвореното пренство на САД, но и за првото место на светската ранг-листа. Доколку победи Алкараз, ќе му го земе местото број 1 на Синер и ќе го освои својот втор трофеј на УС Опен и шести гренслем во кариерата. Ако пак триумфира Синер, тоа ќе му биде втора титула на УС Опен и петти гренслем вкупно. Во меѓусебните дуели Алкарас води со 9-5.

- Оглас -

Најнови вести