Синер го прескокна Алкарас на АТП ранг-листата, Новак си обезбеди уште еден рекорд

Со синоќешниот триумф на турнирот од серијата мастерс 1000 во Мајами, италијанскиот тенисер Јаник Синер од денеска е втор тенисер на АТП ранг-листата.

Синер кој во 2024 година има учинок од 22 победи и само еден пораз, и веќе триумфира на три турнири, на Отвореното првенство на Австралија, на турнирот во Ротердам и синоќа на Мастерсот во Мајами, го прескокна Шпанецот Карлос Алкарас на ранг-листата.

Италијанецот сега има 8.710 бодови, додека Алкарас има 8.645 бодови, а недостижен на првото место е Новак Ѓоковиќ со 9.725 бодови и обезбеди барем до половина од месецот да остане лидер.

Новак идниот понеделник ќе собори уште еден рекорд, ќе има 36 години и 322 дена со што ќе стане најстатиот тенисер кој бил број еден на АТП ранг-листата.

На четвртото место на ранг-листата се наоѓа Данил Медведев со 7.165 бодови, а по пауза од 260 недели, меѓу десетте најдобри се врати Бугаринот Григор Димитров со 3.540 бодови.

- Оглас -

Најнови вести