30.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Синер и Алкарас покажаа дека им нема рамен во 2025, но кој е подобар од нив двајца?

Во светскиот тенис веќе е јасно дека има доминација на двајца тенсери. Јаник Синер и Карлос Алкарас блескаат и ја покажуваат целата своја моќ во дуелите со сите ривали. Веќе станува пракса, овие двајца да играат во финалињата на големите турнири, па така ќе биде и вечерва, во мечот кој треба да го даде шампионот на САД Опен.

Ова ќе биде нивно трето финале од четирите гренд слем турнири кои се играа во 2025 година. На Ролан Гарос подобар беше Алкарас кога по голема борба победи со 3:2 во сетови. Веднаш потоа, во финалето на Вимблдон во Лондон, Синер возврати и во финалето славеше со 3:0 во сетови. Сега треба да видиме кој ќе биде најдобар во Њујорк.

Алкарас и Синер досега имаат одиграно 14 мечеви меѓусебе, а Шпанецот е поуспешен и има девет победи. Синер се радувал само четири пати, но факт е дека Италијанецот сезонава игра најстабилно, па затоа и сега има улога на благ фаворит во финалето на САД Опен.

Двајцата тенисери имаат голем респект еден кон друг, но веруваат дека се подготвени да го кренат вредниот трофеј на крајот. Синер е актуелен бранител на тронот запоседнат минатата година. Италијанецот ќе се бори за петата гренд слем титула. Тој сезонава освен на Вимблдон беше најдобар и на Австралија опен.

Алкарас има пет гренд слем трофеи. По два пати победуваше на Ролан Гарос и Вимблдон, а во 2022 година беше најдобар на САД опен.

- Оглас -

Најнови вести