Двајцата најдобри тенисери на светот во моментов, Јаник Синер и Карлос Алкарас, вечерва од 21 часот ќе го одиграат финалето на Мастерсот во Синсинати, и тоа треба да им биде генерална проба пред гренслем турнирот САД опен кој истотака се игра на тврда подлога и стартува за една недела.
Италијанецот кој вчера наполни 24 години, важи за фаворит според квотите. Синер беше убедлив на патот до финалето, игра на неговата омилена подлога, и го доби последниот дуел со својот ривал, во финалето на Вимблдон.
За Алкарас не може да се каже дека е аутсајдер, тој знаел да го победува Синер како што тоа го направи во финалето на „Ролан Гарос“. Алкарас и преклани беше финалист во Синсинати, па стана прв Шпанец со две финалиња на овој турнир.