10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Синер им се извини на навивачите: Многу, многу жалам!

Не е познато од што е болен Јаник Синер, се шпекулира со некаков вирус, а се претпоставува дека најдобриот тенисер на светот не сакал да ризикува и да го загрози својот настап на претстојното Отворено првенство на САД, па затоа се предаде во денешното финале во Синсинати после само 20-тина минути игра.

Кога тренерот и докторот му се приближија на италијанскиот тенисер, тој им рече: „Жал ми е луѓе, морав да се повлечам. Пробав, не можам. Се чувствувам премногу лошо“.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата откако Италијанецот му го предаде мечот во финалето при резултат 0-5 во првиот сет.

Потоа Синер им се обрати и на гледачите на трибините:

„Многу, многу се извинувам што ве разочарав. Но, од вчера не се чувствувам добро. Мислев дека состојбата ќе се подобри, но стана полоша. Се обидов, но не можев веќе, многу ми е жал“, рече Синер.

 

- Оглас -

Најнови вести