Тениската репрезентација на Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот, откако во финалето ја совлада Холандија. Одлучувачкиот поен го донесе најдобриот тенисер оваа сезона, Јаник Синер, кој го совлада Талон Грикспо со 7-6 и 6-2.
Синер со овој трофеј уште еднаш покажа дека беше убедливо најдобриот тенисер оваа сезона и сосема заслужено годината ја завршува со убедлива предност на АТП ранг-листата. Освен Дејвис купот, италијанецот оваа сезона освои и два грен-слем турнири, а и покрај допинг аферата, остана стабилен и продолжи со добрите резултати.