11.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Синер лесно до триумф вреден 4,5 милиони долари во Саудиска Арабија

Јаник Синер и втора година по ред го освои егзибициониот турнир „Шест крала“ во Ријад, Саудиска Арабија. Италијанецот во реприза на финалето од минатата сезона славеше со максимални 2-0 над Карлос Алкарас.

Шпанецот во првиот сет двапати губеше поен на свој сервис, па Синер лесно го доби сетот со 6-2.

Во вториот сет на Италијанецот му беше доволен еден брејк, кој се случи во седмиот гејм за 6-4 и победа во еден од најскапите натпревари во историјата на тенисот.

Наградниот фонд на турнирот „Шест крала“ во Саудиска Арабија изнесува 13,5 милиони долари. Од таа сума, сите шестмина тенисери ќе добијат по 1,5 милиони долари, а остатокот од 4,5 милиони долари го добива победникот, во овој случај Јаник Синер, кој го напушта Блискиот Исток побогат за шест милиони долари.

Она што е интересно, мечот помеѓу Синер и Алкарас траеше 73 минути, додека единствениот сет на мечот за третото место помеѓу Новак Ѓоковиќ и Тајлор Фриц се играше 76 минути, по што Србинот го предаде натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести