Најдобриот светски тенисер во моментов, Јаник Синер, е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД откако лесно и убедливо славеше со максимални 3-0 над сонародникот Лучијано Музети, по сетови 6-1, 6-4 и 6-2. Ова беше прво италијанско четвртфинале во историјата на гранлем-турнирите.
Противник на Синер во полуфиналето ќе му биде францускиот тенисер Феликс Оже-Алијасим, додека другата двојка ја сочинуваат Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ.
Со победата над Музети, Синер стана вториот најмлад тенисер кој играл најмалку во полуфиналето на сите четири гранслем-турнири во една сезона, по Рафаел Надал, кому тоа му успеа на 22-годишна возраст.