Најдобриот светски тенисер во моментов, Јаник Синер, не се ни испоти за да дојде до победата над Алексеи Попирин во второто коло од САД опен. Италијанецот славеше со максимални 3-0, откако на противникот му препушти само седум гејма, за победа од 6-3, 6-2 и 6-2.
Мечот помеѓу Синер и Попирин траеше само два часа и три минути. Италијанецот во третото коло од САД опен за противник ќе го има 29-тиот тенисер на светската ранг-листа, Денис Шаповалов од Канада.