13.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Синер не се ни испоти за прва победа во Шангај

Вториот светски тенисер, Јаник Синер, со лесна победа во првото коло го започна настапот на АТП турнирот во Шангај, Кина. Италијанецот со максимални 2-0 славеше над Даниел Алтмаер од Германија.

На Синер му беа потребни само 98 минути за да ги добие двата сета со идентични 6-3.

Следен противник на Синер ќе му биде Греикспор од Холандија, а во четвртфиналето ќе го очекува Данецот Руне, додека против Ѓоковиќ може да игра дури во полуфиналето, доколку и двајцата ја оправдаат фаворитската улога до тогаш.

- Оглас -

Најнови вести