21.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Синер победи и се приклучи на елитно друштво на Ѓоковиќ, Бекер и Надал

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на САД опен, откако со 3:1 во сетови го победи Денис Шаповалов од Канада. Лошо започна Синер и го загуби првиот сет со 5:7, но потоа Италијанецот покажа зошто е најдобар тенисер во светот во моментов и ги добил следните три сета и тоа со 6:4, 6:3, 6:3.

Оваа победа имаше посебно значење за Синер, затоа што влезе во едно елитно друштво. Синер е четвртиот најмлад тенисер во историјата кој стигнал до 20 победи на сите четири гренд слем турнири. Пред него помлади со вакво достигнување биле само Рафаел Надал, Борис Бекер и Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести