Синер се огласи и делува дека е задоволен

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер до 4 мај нема да смее да се натпреварува, откако  прифати, во договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА), тримесечна забрана поради допинг која му е доделена откако минатата година беше позитивен на забранета супстанца, потврди ВАДА.

Синер преку соопштение даде своја реакција за оваа казна која не би требало многу да му наштети затоа што нема да мора да пропушти ниту еден Гренд-слем турнир.

„ Овој случај ми виси над глава скоро една година и процесот се уште е во тек, веројатно немаше ни да биде завршен до крајот на оваа година. Отсекогаш сум го прифаќал фактот дека сум одговорен за постапките на мојот тим и разбирам дека строгите правила на Светската антидопинг агенција (ВАДА) служат за заштита на спортот што го сакам. Поради сето ова, ја прифаќам понудата на ВАДА да се стави крај на случајот со тримесечна суспензија“, беше реакцијата од Синер.

Минатата година по завршување на Мастерсот во Индијан Велс, во крвта на италијанскиот тенисер била пронајдена ниска, но сепак забранета количина на клостебол, стероид кој често се користи за изградба на мускулна маса. Кога му бил земен втор примерок по осум дена, Синер бил повторно позитивен.

- Оглас -

Најнови вести